Како ќе легнеш спонзоруша?
Некој маж со убава млада жена покрај себе, влегол во продавница за дијаманти и одбрале накит во вредност од 50.000 евра. Кога требал да плати...
...мажот извадил чек и ја напишал вкупната сума. Продавачот бил збунет и недоверлив, затоа што човекот не личел како некој богаташ. Тој забележал дека продавачот се двоуми, па му рекол:
- Се грижите дали чекот има покритие така? Во ред, ќе направиме тогаш вака: бидејќи денес е петок и сите банки се веќе затворени, задржете го и чекот и накитот до понеделник. Во понеделник откако ќе го замените чекот, испратете го накитот кај госпоѓицава со мене на оваа адреса. Се согласувате?
На продавачот му олеснало. Во понеделник кога дошло време да се уновчи чекот, продавачот сепак открил дека чекот нема покритие. Истиот момент му се јавил на господинот да му пренесе, а овој му одговорил:
„Ооо, слободно фрлете го чекот, јас веќе ја легнав малата!“