„Што значи кога мажена жена постојано се слика сама, а мажот го нема никаде на сликите?“

shto-znachi-koga-mazhena-zhena-postojano-se-slika-sama-a-mazhot-go-nema-nikade-na-slikite-03.jpg

Ништо посебно, сè е во ред. P.S. Да не го имаш нејзиниот број?

Песимистите ќе кажат – бара друг, оптимистите ќе кажат – мажот слика. Како и да е, подобро е да го нема на сликите, отколку да го има на сите нејзини слики, дури и на профилната.

Дека нема кој да ги слика заедно – не ме прашувај како знам.

Значи дека го сака поштарот.

Ова често го гледам кај жените и не ја знам позадината, но кај мажите е обратно – ги покажуваат жените/девојките, а имаат уште 5 швалерки.

Ја боли уво за него – таа си се рекламира.

Дека нема маж, но тој уште не е свесен за тоа.

Ако го нема на сликите, го нема и во креветот.

Се омажила за грд и дебел, поради пари.

Мажот има попаметна работа.

Освен дека таа има вишок слободно време, ништо друго.

Значи дека има право на свој живот, а односот со нејзиниот маж е нејзина приватност.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Кога ќе нарачаш производ онлајн, а ќе добиеш нешто сосема поразлично (фото) Колку пати сте нарачале онлајн некоја храна која изгледала привлечно на фотките,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg