Смешна фото-компилација: Фотошоп „експерти“ на социјалните мрежи
Сите сакаме да изгледаме убаво и одвреме-навреме ги прикриваме „несовршеностите“ на нашите фотки, но некои луѓе одат во крајности, а резултатот е само комичен.
Сите сакаме да изгледаме убаво но факт е дека некои стандарди за убавина се навистина нереални и недостижни за скоро сите нас.
Поради ова, важно е да научиме да си го сакаме нашиот изглед и наместо да се обидуваме да изгледаме како потполно друга личност, да најдеме начин да ги истакнеме карактеристиките што ни се допаѓаат.
Но, за некои луѓе ова не е доволно, па „маестрално“ ги користат бројните алатки за уредување фотографии и одат во крајности.
Нема ништо лошо во тоа некогаш да направите минимални корекции на недостатоците што, реално, ги забележувате само вие. Но, како и со многу други нешта, потребна е умереност и со алатките за уредување фотографии.
Во спротивно, резултатот може да биде комичен или другите да не ве ни препознаат кога конечно ќе ве видат во живо.