Како созреваат мажите?
Жени без мажи не можат. Но, и мажите без жените. Како што поминуваат годините, сите се менуваме. Како се менуваат мажите низ годините? Колку што...
...е смешно, толку е и вистинито.
1. Начин на изјавување на љубов
После 6 недели- Те сакам, те сакам, те сакам, ти си ми сè!
После 6 месеци - Нормално дека те сакам!
После 6 години - Боже господе, па да не те сакав ќе те земев ли за жена, ебаго?!
2. Кога се враќаат од работа
После 6 недели – Сонце, се прибрав!
После 6 месеци - Се прибрав!
После 6 години - Шо ни зготви мајка ти денеска?
3. Во врска со подароците
После 6 недели - Сонце мое, ти се допаѓа ли прстенот?
После 6 месеци - Купив слика за во дневната соба!
После 6 години - На ти пари и оди купи си нешто!!!
4. Со телефон
После 6 недели – Лепото некој те бара на телефон!
После 6 месеци- На, за тебе!
После 6 години - Ѕвони телефонот!
5. За готвење
После 6 недели- Леле ама е вкусно, ептен си го погодила!
После 6 месеци- А, вечер шо има за јадење?
После 6 години - Пак тоа?!
6. Извинување
После 6 недели - Срце мое најсакано, нормално дека не си ти крива!
После 6 месеци - Пази да не ти се повтори!
После 6 години - Шо к*р не разбираш ма ти!?
7. Фустан
После 6 недели – Значи ТОП си! Како ти стои...уффф...
После 6 месеци - Пак нов фустан?!
После 6 години - Колку пари е?
8. За годишен одмор
После 6 недели – Што мислиш да те носам 2 недели во Италија?
После 6 месеци – А, да намалиме трошоци и да одиме само за викенд до Охрид?
После 6 години – Ако ми е до бањање, ќе си ја наполнам кадата.
9. За телевизија
После 6 недели- Што сакаш да гледаме вечер? Сакаш да си симнеме некое филмче?
После 6 месеци - Ај да гледаме филм.
После 6 години - Јас ќе глеам фудбал, а тебе ако не ти се гледа оди легни си!