Смешна фото-компилација: Како постарите генерации се справуваат со модерната технологија?
„Кога дедо сака да се логира на Фејсбук, секојпат си прави нов профил“ - луѓе споделуваат смешни ситуации од нивните повозрасни родители, баби и дедовци кои не се снаоѓаат добро со технологијата.
Додека ние пораснавме со телевизори, компјутери и мобилни телефони, нашите баби и дедовци растеа во сосема друг свет. Технолошкиот бум што драстично ни ги промени животите се случи во поново време, па нормално е што за постарите генерации технологијата може да биде предизвик.
Тие ги поминале целите животи без смартфон и интернет, па не можеме да очекуваме веднаш да се адаптираат на промените, и тоа на 70 или 80-годишна возраст.
Сепак, нема ништо лошо во тоа одвреме-навреме да се насмееме на нивна сметка кога станува збор за нивните вештини за технологија.
Во продолжение погледнете неколку смешни фотки кои одлично покажуваат како старите генерации се справуваат со модерната технологија:
„Тато многу сака да чита, па за роденден му купив електронски читач. Го користи како обележувач“
„Чичо му го осветлува таблетот на тато со светилка“
„Дедо сакаше да направи фотки за пасош, но притиснал погрешно копче“
„Мајка ми видела реклама во весник за апликација што сака да ја провери, па си ја залепила на телефонот за да не ја заборави“
„Со недели си ја барав леќата за телефонот – мама си ја користела како штипка“
„Пробуваме да му објасниме на 70-годишниот дедо што нè фотографира дека ја покрива леќата“
„Историјата на пребарување на Јутуб на баба и дедо“ (Како се користи мобилен телефон)
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:




