Смешна фото компилација – разочарувачки оброци од ресторани и мензи ширум светот
Порачувате цезар салата, а ви носат три листови марула. Купувате кафе од кафемат и добивате „гратис“ бубачки. Плаќате 15 долари за вегетаријански сендвич, а внатре има само морков и пченка. Сите барем еднаш сме се соочиле со ваков разочарувачки оброк.
Кога купувате храна од ресторан, веројатно очекувате да го добиете она што го рекламираат, особено ако сте платиле повисока цена. Но изгледа на некои ресторани воопшто не им е грижа што продаваат и дали храната што ја продаваат личи на нешто што би го изеле. Истото важи и за многу мензи на универзитети, во компании и слично.
Бидејќи на скоро секој му се случило да добие некој разочарувачки оброк, на Инстаграм има и цел профил посветен токму на тоа.
Овде се споделуваат фотки од најчудните оброци за кои готвачите и рестораните очигледно не се потрудиле воопшто.