Ситуации кои секој човек на планетава ги мрази најмногу на свет
Постојат такви ситуации кога не знаете каде да се обратите, зарем не? 14 маки што ги има секој човек, без разлика каде живее.
Секој човек е уникатен, но некои маки се универзални. Од маката кога првпат одите во фитнес центарот до нервозата кога не ви враќаат на пораките се работи кои се иритирачки и во Македонија и во Велика Британија и во Австралија.
Ситуации кои секој човек на планетава ги мрази најмногу на свет:
- Кога мора да испраќате пораки или да воспоставувате телефонски повици од култура со роднини, кои не ги обожавате.
- Кога не ви враќаат на пораката.
- Кога мислите на нешто добро што треба да се случи утре и не можете да заспиете.
- Кога двајцата пријатели што ги запознавте почнуваат да се дружат без вас.
- Кога ве притискаат крајните рокови и не знаете каде да се обратите.
- Кога ќе влезете во автобус и ќе ви се качат буквално на глава.
- Кога не сакате да јадете, но баба ви ве тера – „ајде, можеш без леб“.
- Кога првпат одите во фитнес центар и паѓате во депресија од сите луѓе со одлична кондиција околу вас (и мускули).
- Кога ќе завршите порција со помфрит, а пријателот уште си грицка и му љубоморите.
- Кога домашниот миленик збеснува токму кога вие ќе си легнете.
- Кога околината постојано ви поставува прашања за свадба, деца, внуци...
- Кога само што ќе седнете, некој ќе ве викне по име.
- Кога сте пеколно уморни, но се обидувате да не покажете.
- Кога ќе се преселите од кај родителите и повеќе ништо не е исто, ништо не е доволно добро како таму.
С. С. | Црнобело