Како изгледа еден ден на студент од ФИНКИ?

Сè повеќе млади генерации својата иднина ја гледаат во информатиката и имаат желба да се запишат на некои од информатичките факултети меѓу кои е и ФИНКИ.

kako-izgleda-eden-den-na-student-od-finki-02.jpg

Но, пред да ја направат конечната одлука треба да се запознаат како би изгледал нивниот ден. 

Еден ден на студент од ФИНКИ:

1. Станува рано наутро

2. Гледа кои предавања ги има денес

3. Сфаќа дека цел ден ќе го помине на факултет

4. Со тешко срце станува од кревет

5. Се облекува во првото што ќе му дојде при рака (тренерки, дуксер, фармерки и удобна маичка)

6. Се симнува на Хотел Карпош ако има часови во Бараки или на ФЕИТ, а на Симпо ако има часови на ТМФ

7. Секојпат кога ќе стигне до ОУ Вера се жали затоа што е затворено краткото патче.

8. Конечно пристигнува на предавања

9. Сфаќа дека не се исчешлал

10. Губи концентрација во првите 30 минути

11. За следно предавање мора да го изоди патот од Бараки – ТМФ или обратно

12. Се радува ако има предавања на ФЕИТ затоа што има помалку пат за одење

13. „Криви се надлежните затоа што ФИНКИ нема зграда“ – секојдневна изрека

14. На пауза си гледа другари после 100 години и се договараат да се најдат во читална на кафе муабет (нема време за по кафулиња).

15. Конечно го напушта факултетот

16. Седнува да гледа серија, кога сфаќа дека има лабораториски да изработи до 23:59 часот, инаку нема потпис

17. Пак ги криви надлежните затоа што ФИНКИ нема зграда и мора лабораториските од дома да се прават, а не од соодветна просторија.

18. Кога веќе седнал лабораториски да прави, ќе земе и некоја задача да реши

19. Легнува во 3:00 часот по полноќ

20. Така секој ден се до крај на студентскиот живот

С. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Како ви паѓа толку коса, а не сте ќелави“ и уште 8 прашања кои ги мачат мажите во врска со жените  „Зошто сакате мажот да избере ресторан или хотел, а потоа го бојкотирате н...
Жени кои само сакале да се разубават, но отишле во непроверен салон (фото) Екстензии кои изгледаат како да сте ги ставале сами и трепки кои воопшто не изгл...
Смешна фото-компликација: Кога чистењето на домот не ви оди по план Замислете да поминете часови во чистење базен, за на крај внатре да ви падне сак...
Смешни фото-споредби: „Мојот живот пред и откако станав родител“ Ако ќерка им посака, татковците ќе седат мирни додека таа ги шминка, без разлика...
Забавна фото-компилација: Луѓе кои сигурно имале полош дочек на Нова година од вас Некои скршиле рака ил нога, некои претерале со алкохол, а некои не нашле друштво...
Смешна фото-компилација: Најлудите работи што ги гледаат вработени во техничка поддршка Подуена батерија од лаптоп која може да експлодира во секој миг, конзола за игра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg