10 вицови кои ќе ги разберат само интелигентните
Оваа колекција вицови е поинаква - потребно ви е искуство, образование и логичко размислување за да се насмевнете. Испробајте се!
Колку ќе разберете?
1. Што добивате кога ќе го пресечете вицот со реторичко прашање?
2. Влегуваат тројца логичари во кафуле. Шанкерот ги прашува „Дали сите сакате пиење?“
- „Не знам“
- „Не знам“
- „Да!“
3. Ајнштајн, Њутн и Паскал си играат криенка. Ајнштајн е на ред да мижи и да брои до 10. Паскал бега и се крие. Њутн црта на подот квадрат со големина од 1 метар квадратен пред Ајнштајн и останува таму да стои. Ајнштајн завршува со броењето и го гледа Њутн и вели дека го открил. Њутн се насмеал и му рекол, не, го пронајде Паскал!
4. Еден Римјанин влегува во бар и нарачува мартинус. Шанкерот го прашува: „Мислите мартини?“ Римјанинот одговара: „Да сакав дупло, така ќе нарачав.“
5. Уште еден Римјанин влегува во бар, подига 2 прста и вели „Пет пива ве молам!“
6. Жената на логичарот се пораѓа. Докторот во исто време кога се раѓа детето, му го дава во раце на логичарот. Неговата жена нестрпливо прашува „Момче е или девојче?“ Логичарот одговара: „Да.“
7. Ентропијата не е тоа што беше порано.
8. Хелиумот влегува во бар и нарачува пиво, а шанкерот му вели „Извинете, тука не служиме благородни гасови.“ Тој не реагира.
9. Мачката на Ервин Шредингер влегува во кафич. И не влегува.
10. Жената на еден програмер му вели: „Оди до продавница и купи векна леб. Ако имаат јајца, земи 10.“ Програмерот се вратил дома со 10 векни леб.