Виц: Плавуша на приемен испит во Полициска академија
Отишла плавуша заедно со нејзиниот брат да се запише на Полициска академија.
Влегла кај инспекторот на прво интервју, а тој решил најпрво да ѝ постави неколку прашања за да го провери нејзиното општо образование.
- Што е тоа алгоритам?
Русокосата одговара подготвено:
- Алга која фатила ритам.
Одговорот малку го збунил инспекторот, но, сепак продолжил да ја прашува:
- Кој е Гаврило Принцип?
Русокосата се замислила, па прашала:
- А да не е тоа човекот кој го убил последниот кинески цар Џон Кенеди?
Инспекторот длабоко воздивнал, ама сепак одлучил да ѝ го постави последното прашање:
- Кажете ми, кој го убил Исус Христос?
Русокосата размислувала долго, па едвај одговорила:
- Не знам.
- Добро, рекол инспекторот, тогаш јавете ми кога ќе го дознаете одговорот!
Излегува русокосата цела среќна, а брат ѝ ја прашува:
- Како беше?
- Супер, шефот веќе ми додели прв случај на убиство!