Како поедини млади луѓе успеваат да напредуваат во работата

kako-poedini-mladi-luge-uspevaat-da-napreduvaat-vo-rabotata

Генералниот директор на едно јавно претпријатие повикува еден од своите најблиски соработници:

Драг колега – можам да кажам дека и покрај тоа што сте млад, веќе направивте одлична кариера. Иако со малку школо, како приправник се покажавте толку добро што веќе по два месеци Ве вработивме на неопределено време, како шеф на магацинот.

Од тогаш не поминаа ниту пет месеци, а веќе можевме да Ви ја довериме должноста на шеф на сметководство.

За нешто повеќе од година дена, во Вас најдовме најпогодна личност за директор на секторот кој го формиравме имајќи ве Вас во предвид.

Во меѓувреме Вашиот студиски престој во некои западни земји се покажа како многу оправдана инвестиција.

Сите тука пофално заборуваат за Вас. Па, бидејќи јас, по сила на законот, наскоро ќе одам во пензија, сакав лично да Ви кажам дека ги направивме потребните консултации и дека во Вас ја гледаме најпогодната личност која ќе ме замени на чело на нашата работна организација... Што имате да кажете Вие на тоа?

- Добро бе тато, дај олабави се, сами сме во канцеларија!

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Смешна компилација: Луѓе кои имале многу полош ден од вас Истурено кафе, автомобил заглавен во песок на плажа, скршена рерна… Истурено ...
Забавна фото-компилација: Луѓе кои сигурно имале полош дочек на Нова година од вас Некои скршиле рака ил нога, некои претерале со алкохол, а некои не нашле друштво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg