Виц: Жената на цајканот

Еден полицаец ја испратил својата жена со децата на море и после една недела кога му завршиле работните обврски, решил да им се придружи.

vic-zenata-na-cajkanot-01

Кога стигнал во хотелот, радосен што ја гледа својата жена, веднаш навалил врз неа.

- „Мил мој, децата се во другата соба. Не можеме тоа да го правиме овде.“ – рекла жената.

- „Во право си најмила. Ајде да одиме на плажата.“ – и одговорил мажот.

После половина час, на пустата плажа, на залез на сонцето тие започнале со акција. Додека биле во љубовен занес, до нив се појавил полицаец:

- „Срам да ви е. Вакви работи не се прават на јавно место. Брзо облекувајте се, а ќе добиете и казна!“

- „Ве молам да ни простите. Ова беше момент на слабост, не сме се виделе одамна. Знаете и јас сум полицаец и глупаво би било да ми наплатите казна“ – рекол мажот.

- „Во ред колега, вам овој пат ќе ви простам и нема да ве казнам, ама ку*вава ја фаќам овде трет пат оваа недела и казна не и бега!“

Би можело да ве интересира:

Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
14 мини злосторства кои поминале неказнето заради шармот на виновниците 10 минути тишина во домот, одите во другата просторија, ви се крева коса од глет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg