Виц: Плавуша и Тарзан
Една плавуша преживеала бродолом, но само што излегла на крајбрежјето ја нападнале крокодили. Веќе се поздравила со животот кога од шумата се чуло:
- АаааААаааааа!
Тарзан скокнал на крокодилите и ги задавил. Заносната плавуша, жива среќна му се фрлила во прегратки и почнала да го распрашува:
- А, како се снаоѓаш за храна?
- Тарзан убива, Тарзан пече, Тарзан јаде!
- А, како набавуваш облека?
- Тарзан убива, Тарзан одере, Тарзан облекува!
- А, како се снаоѓаш за оние работи, мислам на секс?
- Тарзан најде дрво со дупка, Тарзан завршува работа!
- Сега кога сум јас тука, веќе не ти треба дрво. Ајде со мене!
Го фатила за рака го однела во шумата и се натртила.
Тарзан се затрчал кон неа и со сета сила ја шутнал со ногата по задникот!
Одвај дошла до себе од шок, па го прашува плавушата:
- Тарзане, што направи? Зарем не сакаш да бидеш со мене?
- Тарзан прво провери дали има верверица!