Виц на денот: Како Трпе останал без пенис?

Трпе имал сообраќајна несреќа и останал без пенис. Кога се разбудил во болница, докторот му рекол:

vic-na-denot-kako-trpe-ostanal-bez-penis

- Трпе, имаме за тебе лоша и добра вест. Лошата е дека остана без пенис, а добрата е дека денешната медицина овозможува да ти направиме нов. Ќе добиеш секако 5 илјади евра оштета од осигурањето, па нема да биде проблем за операција.

Трпе жив среќен му вели:

- Докторе, машала, а можете да ми направите еден онака баш голем?

Докторот клима со главата и му вели:

- Може Трпе, ама дај прво ти договори се со Трпана околу димензиите, па врати се утре и кажи колкав треба да биде.

Доаѓа утредента Трпе потиштен во ординацијата, седнува и воздивнува. Докторот го гледа и прашува:

- И, што се договоривте?

- Италијански плочки во кујната, нова машина за алишта и неколку пара штикли...

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Смешна компилација: Луѓе кои имале многу полош ден од вас Истурено кафе, автомобил заглавен во песок на плажа, скршена рерна… Истурено ...
Забавна фото-компилација: Луѓе кои сигурно имале полош дочек на Нова година од вас Некои скршиле рака ил нога, некои претерале со алкохол, а некои не нашле друштво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg