По што се разликуваат мажите и жените?
Едни без други не можеме, но секогаш сакаме да се нашалиме на своја сметка. Неколку факти, по што се разликуваат мажите од жените:
На сопствената венчавка: Жената прво плаче, па потоа наздравува. Мажот прво пие, па после плаче.
По бројот на чорапи: Жените носат различни чорапи: под колена, над колена, самолепливи, хулахопки, кратки, со ликра, дизајнирани. Мажите носат бели (со патики) и црни (со кондури).
На тема секс: Просечна жена вели дека сака секс нон – стоп, цел ден, но вистината е дека е спремна за секс само 3 пати неделно. Покрај тоа, смета дека предиграта треба да трае 30 минути. Просечен маж, помлад од 40 години, сака секс секоја вечер, секое утро и секогаш е спремен. Тој смета дека предиграта не треба да трае повеќе од 1 минута, а тука се смета и возењето до дома.
Ориентација во просторот: Жените се ориентираат според продавниците, мажите според кафаните.
Во поглед на деца: Жената знае сè за своите деца. Кога треба да одат на забар, кога имаат тренинг, сите нивни другари и симпатии. Мажите немаат сосема јасно дефиниран став за овие мали суштества во домот.
Како го сфаќаат времето: На жените им е сосема нормално во 2 сабајле да почнат разговор на тема „Каде оди нашата врска“. За мажите ова е време за спиење.
За боите: Во светот на жените постојат тиркизна, смарагдна, пембе, мастило, циклама...Кај мажите се знае: бела, црна, тегет и кафена.
За уредноста: Жените ги оставаат алиштата по скалите за да ги соберат кога ќе одат надоле. Мажите ги прескокнуваат сè додека не им каже некој да ги кренат.
Во просторот: Жените секогаш знаат каде што им стои. Мажите никогаш не знаат. А, и зошто би се труделе да запомнат? Па тука е жена им во секој момент да им каже каде им ги пикнала работите.
За облеката: Жените мислат дека алиштата купени пред 6 месеци стануваат радиоактивни после извесно време. За да избегнат контаминација купуваат нови. Мажите носат сè што имаат во плакарот па и алишта од пред 8 години.
Во разговор: Мажот ја почнува реченицата...а жената ја довршува.