Шеги за јакнење на женското его
Иако едни без други не можеме, секогаш уживаме во шегите на сметка на другите. Ова се 10тина шеги на сметка на мажите кои ќе им го наполнат егото...
...на припадничките на понежниот пол.
Без навреда момци
Зошто мажите свират подобро од жените?
- Затоа што имаат птичји мозок.
Што имаат заедничко мажите и компјутерите?
- Изгледаат како да знаат да направат се, но ако не ги програмираш, нема да направат ништо.
Зошто сите жени не знаат да возат?
- Затоа што сите инструктори се мажи.
Зошто на светот има повеќе жени од мажи?
- Затоа што природата е мудра.
Зошто мажите секогаш сакаат девици?
- Затоа што не поднесуваат критики.
Зошто се потребни илјадници сперматозоиди за да оплодат едно јајце?
- Затоа што се машки пол и не прашуваат за насоки.
Бог го повикал Адам и му вели: Имам две новости за тебе – една добра и една лоша.
Адам сакал да ја чуе прво добрата. На тоа Бог му рекол:
- Ќе ти дадам два подароци, два нови органи – мозок и пенис.
- Фантастично! Одговорил Адам...а, лошата вест?
- Бог на тоа му одговорил: Немаш доволно крв за двата да делуваат истовремено!
Зошто во рајот стигнуваат само 10% од мажите?
- Затоа што во спротивно тоа би било пекол.
Како да излудиш маж во кревет?
- Сокриј му го далечинското.
Која е разликата помеѓу мажите и жените?
- Жените сакаат еден маж да ги задоволи сите нивни потреби. Мажите сакаат сите жени да ја задоволат нивната една единствена потреба.