Вицеви за викенд насмевка 2
Велат дека како ќе ти тргне петокот, таков ќе ти биде викендот. А, ние ќе се погрижиме овој викенд да бидете насмеани. Денес на менито - малиот Перица.
За време на училишниот час, Перица се загледал во наставничката и не го тргал погледот од неа. После некое време, наставничката му пришла да го праша зошто ја гледа така.
Перица и одговорил:
- Наставничке, јас вас ве сакам!
- Но, Перица, јас не сакам мали деца.
- Ќе пазиме наставничке, ќе пазиме!
Доаѓа Перица дома и го прашува татко си што е трансвестит. Татко му му одговорил:
- Оди кај мајка ти па прашај го!
Перица сиот среќен му вика на татко му:
- Тато, тато, најдов 100 евра!
- Дали си сигурен дека некој ги загубил?
- Па нормално, го гледав како ги бара!
Татко му го прашува Перица:
Ги знаеше ли сите прашања на тестот?
Ги знаев! – одговорил Перица.
А, како тоа си добил кец?
Па не ги знаев одговорите!
Ги прашува наставничката децата: Кое е ова време: јас купувам, ти купуваш, тој купува?
На тоа Перица одговара: Време на распродажби наставничке!
Наставникот по вероисповест ги прашува децата: Колку долго Адам и Ева биле во рајот?
Перица: До есен!
Наставникот: Зошто баш до есен?
Перица: Морале да чекаат да созреат јаболките!
Перица: Но, мамо, јас не сакам сирење со дупки!
Мајката: Добро сине, изеди го сирењето, а дупките остави ги!
Перице, како си можел да и кажеш на сестра ти дека е глупава, кажи и дека ти е жал!
„Сестро, жал ми е што си глупава!“
Малиот Перица го прашува татко му:
Тато, како сум дошол јас на овој свет?
Таткото му одговорил: Те донесе штркот.
А Перица на тоа: Е, тато, тато, ти свашта е*еш!