Емотивен момент: Мајка силно го прегрнува своето првородено дете пред породување
Изразот „една слика вреди илјада зборови“ можеби никогаш не била поточна отколку за оваа емотивна фотографија направена во Орегон од страна на фотографот Лаура Полеску.
На фотографијата мајка силно го прегрнува своето првородено дете пред да си кажат довидување и да замине во операционата сала каде ќе го добие своето второ дете.
Фотографијата неодамна вирално се прошири и допре до милиони срца, а совршено го доловува моментот кога го добивате второто дете.
Секоја мајка е возбудена од самата помисла дека ќе има ново дете, но кога тоа ново дете е второ во домот, динамиката целосно се менува, а тие промени понекогаш знаат да се покажат како тешки.
„Го прегрнав моето првородено како да се борам за живот. Ова е моментот кога таа нема да биде единственото дете. Засекогаш. И иако не можев да дочекам да го добијам своето второ дете, срцето ми се кршеше. Се почувствував целосно скршено однатре. Не сакав да замине моментот.“ - објаснува мајката.
Семејната динамика можеби се менува, ама љубовта останува иста.
Н. Г. | Црнобело