Додека сите се фокусирани кон целта, Јусејн Болт може и да се слика...
Некои моменти се толку добро доловени на фотографија што самото нивно спомнување успева да ни долови совршена слика во нашите глави.
Од моментот кога Мухамад Али стои зад Сони Листон до тој кога Мајкл Џордан прави забивање во слободно фрлање - тоа се фотографиите кои ќе останат запаметени во историјата на спортот.
А сега, постои уште една фотографија која ќе ја додадеме на оваа колекција.
Станува збор за делото на австралискиот фотограф Камерон Спенсер од „Getty Images“.
На оваа фотографија јамајканскиот атлетичар, Јусејн Болт, со насмевка на лицето го завршува 100-метарскиот спринт во Рио.
На фотографијата како да можете да го доловите ветрецот кој поминува низ натпреварувачите кои неуспешно се обидуваат да дојдат до Болт кој пак, со насмевка на лицето, како од шала го освојува златото.
Н. Г. | Црнобело