Како да направите сварено јајце во вид на срце?
-->
Одлично изгледа како декорација, а нема ништо комплицирано во постапката. Сè што ви е потребно е едно варено јајце, ластиче, стапче и подебел лист хартија или картон. Преполовете ја хартијата, ставете го јајцето во неа, врз него ставете го стапчето и врзете го на краевите со ластичето. Оставете го некое време да постои за да ја добие потребната вдлабнатина, па кога ќе го пресечете нa половина ќе видите дека има облик на срце.
-->