10 мудрости на Џоан Колинс: „Сè што треба да биде совршената жена - решив дека не сакам никогаш да бидам!“
Џоан Колинс секогаш ќе биде олицетворение на вистинска дива.
Ја паметиме по улогата на Алексис Колби во култната оригинална „Династија“, а нејзините цитати докажуваат дека таа е подеднакво силна и моќна и во приватниот живот, и покрај фактот што е длабоко навлезена во деветтата деценија.
Ова се само дел од нејзините животни мудрости од кои веруваме дека ќе се инспирирате:
Годините се само бројка, тотално неважна. Освен доколку не сте шише вино.
Живееме во општество кое бара инстант решенија. Премногу дебела? Одете на липосукција. Тенка коса? Ставете екстензии. Дали имате брчки? Се упатувате на козметичар за најновиот и најефикасниот третман. Сето тоа се измами за несигурни жени, на кои заработуваат итрите конгломерати за убавина.
Покажете ми личност која никогаш не згрешила и ќе видите дека таа никогаш ништо не постигнала во животот.
Се обидувам да запомнам телефонски броеви, така ја вежбам меморијата. Ако не се обидете да го користите вашиот мозок, брзо ќе го изгубите.
Не знам колку пати реков НЕ на реалните шоуа. Ме викаа во „Големиот брат“, „Танц со ѕвездите“… Нема шанси. Не ме интересира да ѕиркам во туѓи дневни соби, па не пуштам странци ниту во мојата.
По пет сопрузи, некој би рекол дека научив нешто за бракот. Љубовта можеби е сон, но бракот е ноќна мора.
Мајка ми беше одлична домаќинка. Пожртвувана и кротка. Сè што треба да биде една совршена жена и сè што решив дека не сакам и никогаш нема да бидам.
Ако животот ви е кисел, направете лимонада.
Во мојот живот секогаш на прво место ги ставам личното задоволство и ентузијазам.
Тајната на имањето личен живот е да не одговорате на премногу прашања во врска со него.
Животот е предатор: треба да го „јадете“ пред тој да ве изеде вас.
Никој не е виновен што се родил грд, но, искрено, дали треба да се носи како симбол на гордост?
Сè уште не сум сретнала човек кој би можел да се грижи за мене. Не ми треба маж. Она што ми треба е сопруга.
Телото е како автомобил: колку сте постари, толку повеќе треба да се грижите за него – а не го оставате Ферарито на сонце.
Зарем три четвртини од животот не се сочинети од задоволства поради кои се чувствуваме виновно?
Ако јадете ѓубре, ќе изгледате како ѓубре. Луѓето велат: „Не сум јас виновен, тоа се моите хормони“. Не, не е тоа – тоа е алчност!
(О)Милена – Црнобело