Димитар Атанасовски за CRNOBELO лексикон: „Имам скршено прозорец на комшиите со фудбалска топка“

„Како дете омилени игри ми беа фудбал, жмурка, џамлии и лего коцки. Бев одличен ученик, а омилени предмети ми беа музичко, физичко, географија и историја“ - Димитар Атанасовски се потпиша во нашиот лексикон.

dimitar-atanasovski-za-crnobelo-leksikon-imam-skrsheno-prozorec-na-komshiite-so-fudbalska-topka-01.jpg

Водителот Димитар Атанасовски вели дека фудбалот веќе не му е омилен спорт и го заменил со кросфит, па и Roma веќе не му е омилен клуб. И иако е против насилство, знаел да се степа како дете.

Димитар се потпиша во нашиот лексикон и ни одговори на неколку интересни прашања.

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Димитар, обично ме викаат Диме, а син ми по ново ме вика Mитаан.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

Имам 36 години. Роден сум на 01.09.1987, во хороскоп сум Девица.

3. Која ти е омилена песна?

It Was a Very Good Year од Френк Синатра и „Градина од цреши“ од жена ми.

dimitar-atanasovski-za-crnobelo-leksikon-imam-skrsheno-prozorec-na-komshiite-so-fudbalska-topka-04.jpg

4. А омилена книга?

„Намести си го креветот“ од Вилијам Мекрејвен.

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Џим Кери, Сандра Булок, Avatar, 3rd Rock From the Sun.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Во последно време омилен спорт ми е кросфит, иако цел живот омилен ми бил фудбалот. Навивав за Roma, а сега навивам за Гиљерме Малеирос, кросфитер.

dimitar-atanasovski-za-crnobelo-leksikon-imam-skrsheno-prozorec-na-komshiite-so-fudbalska-topka-07.jpg

7. Имаш ли милениче?

Имам куче Атос и маче Бела.

8. Кој ти е среќен број?

12.

9. Кој ти е омилен виц?

Немам.

dimitar-atanasovski-za-crnobelo-leksikon-imam-skrsheno-prozorec-na-komshiite-so-fudbalska-topka-09.jpg

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Пиво и мусака.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Имам повеќе, ама сè се пријателства постари од 15-20 години.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Бев одличен ученик, а омилени предмети ми беа музичко, физичко, географија и историја.

dimitar-atanasovski-za-crnobelo-leksikon-imam-skrsheno-prozorec-na-komshiite-so-fudbalska-topka-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg