Иван Наумовски за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Солзи сами капат, прости ми'“

„Се плашам да не ми се падне лото и да станам милионер“... Оперскиот пејач Иван Наумовски се потпиша во CRNOBELO лексикон - Прочитајте ги неговите одговори и погледнете како изгледало момчето што денес прерасна во еден од најпрепознатливите музичари во Македонија.

ivan-naumovski-za-crnobelo-leksikon-otkachuvam-na-solzi-sami-kapat-prosti-mi-01_copy.jpg

Македонскиот оперски пејач Иван Наумовски се потпиша во Лексиконот на CRNOBELO.com во кој откри повеќе детали за себе и за своето детство.

ivan-naumovski-za-crnobelo-leksikon-otkachuvam-na-solzi-sami-kapat-prosti-mi-57_copy.jpg

Која песна го тера да „откачи“ во кафеана, кои се неговите најголеми стравови, кој му е идол... 

Иван одговори на прашањата од лексиконот на CRNOBELO:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Иван Наумовски, имам прекар - профа/професоре.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

33 години. Вага во хороскоп, Риби во подзнак. Роден на 25.09.1990.

ivan-naumovski-za-crnobelo-leksikon-otkachuvam-na-solzi-sami-kapat-prosti-mi-12.jpg

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

„Цесарица“ од Оливер Драгојевиќ. Омилени пејачи Том Џоунс, Оливер Драгојевиќ и Тоше Проески. Од пејачки би ја издвоил Селин Дион како феноменален вокал.

4. А омилена книга?

„Последните селани“ - Петре М. Андреевски

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Роберт де Ниро, Мерил Стрип, „Cinema Paradiso“, „The Sopranos“.

ivan-naumovski-za-crnobelo-leksikon-otkachuvam-na-solzi-sami-kapat-prosti-mi-07.jpg

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Тенис ми е омилен спорт, Inter ми е омилениот клуб, а Новак Ѓоковиќ е крал над кралевите!

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Немам, но би сакал еден ден да имам куче.

8. Кој ти е среќен број?

8.

ivan-naumovski-za-crnobelo-leksikon-otkachuvam-na-solzi-sami-kapat-prosti-mi-08.jpg

9. Кој ти е омилен виц?

Мачката на Ервин Шредингер влегува во кафиќ. И не влегува.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Пиво, рижото и паста.

ivan-naumovski-za-crnobelo-leksikon-otkachuvam-na-solzi-sami-kapat-prosti-mi-05.jpg

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Двајца имам најдобри, и на двајцата сум им кум. Со едниот цел живот се знам, а со другиот од средно.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Солиден. Историја омилен предмет.

ivan-naumovski-za-crnobelo-leksikon-otkachuvam-na-solzi-sami-kapat-prosti-mi-44.jpg

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Една е мајка.

14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?

Џон Смит од Покахонтас.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Оние со топка, фудбал и баскет.

ivan-naumovski-za-crnobelo-leksikon-otkachuvam-na-solzi-sami-kapat-prosti-mi-56.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Ивана Кнез за CRNOBELO лексикон: „Како дете сум се загубила на Охридско Езеро 12 часа“ „Прв симпатија ми беше Боби од градинка, скршив нос на едно девојче за него. Да ...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg