Скопска пешачка (не)култура - зошто да чекам на црвено?
Не сакам ни да се сетам колку пати сум слушнала или прочитала за несреќи на пешачки премин, кои се случиле поради невнимание, брзање или претрчување.
Кога ќе се случи несреќата, доцна е да размислуваме кој бил виновен.
А дека може да се спречи – може.
Само ако забавиме, дишеме полека додека стоиме во место и трпеливо чекаме да се вклучи зеленото.
Во спротивно, цел живот ќе си „патиме“ од скопската пешачка (не)култура и меракот да претрчуваме на црвено.
Само затоа што мислиме дека ни се може!
Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Искрена