Најчестите ментални нарушувања и болести илустрирани како морничави суштества
Биполарно нарушување
Биполарното нарушување предизвикува нагли промени во расположението, енергијата и способноста за функционирање на човекот.
Постојат неколку поткатегории биполарни нарушувања, а сите се карактеризирани со епизоди проследени со манија или депресија.
Дефицит на внимание и хиперактивност (ADHD)
Ова е еднo од најчестите ментални нарушувања кај деца, но може да сe појави и кај возрасни.
Симптомите на нарушувањето вклучуваат проблеми со концентрацијата, хиперактивност и импулсивност. Оваа болест не им овозможува на децата да ја следат наставата или да се фокусираат на едно нешто.
Анорексија
Анорексијата е нарушување во исхраната карактеризирано со премала телесна тежина, страв од дебелеење и искривена перцепција за тежината.
Луѓето со анорексија мораат да ја контролираат нивната тежина и одат до екстреми за тоа. За да го избегнат дебелеењето тие си ја ограничуваат храната, повраќаат, а неретко внесуваат и лаксативи, апчиња за слабеење и слично.
Опсесивно компулсивно нарушување
Ова е анксиозно нарушување што предизвикува несакани мисли, идеи или опсесии и ги тера луѓето да се однесуваат компулсивно.
Неретко, луѓето со ова нарушување се мијат раце по неколку пати, постојано проверуваат нешто, постојано чистат… Дури и кога се свесни дека нивната опсесија е лажна, нарушувањето е речиси секогаш посилно од нив.
Асоцијално нарушување на личноста (ASPD)
Луѓето со асоцијално нарушување не ги прифаќаат социјалните норми, можат постојано да ги лажат другите или да се однесуваат импулсивно.
Понекогаш, нарушувањето е нарекувано и социопатија и е карактеризирано со игнорирање на туѓите чувства и права, неспособност за расудување, манипулација, недостаток од чувство на вина и слично.