10 библиотеки кои изгледаат како да се излезени од волшебниот свет на Хари Потер
Португалската кралска библиотека, Бразил
Оваа библиотека ја има најголемата колекција на португалски дела надвор до Португалија. Изградена е во 1887-ма година и има дури 350.000 книги, вклучувајќи и некои ретки изворни ракописи. Покрај книгите, во библиотеката можат да се најдат и други уметнички дела кои ја прикажуваат историјата на Португалија.
Музејот и библиотека Rijksmuseum, Амстердам
Оваа библиотека е уметничко дело сама по себе. Металните огради и спиралните скалила водат низ повеќето катови со книги кои се осветлени со природна светлина – огромниот плафон има стаклена купола. Библиотеката е посветена на холандската историја и уметност.
Јавната библиотека во Бостон
Библиотеката во Бостон има вистинска магија во својата архитектура. Покрај тоа, овде можете да најдете некои од најретките дела во светот. Она што почнало како скромна училишна библиотека, се претворило во место со 23 милиони книги, помеѓу кои се наоѓаат и оригинални записи од Вилијам Шекспир и Моцарт.
Библиотеката George Peabody, Балтимор
Оваа библиотека е направена во знак на благодарност за луѓето од Балтимор и за нивното гостопримство. Библиотеката има 300.000 книги и многу наслови од областа на религијата, британската уметност, историјата, архитектурата, географијата и слично.
Националната библиотека на Франција
Оваа библиотека е направена во далечната 1666-та година. Внатрешноста е украсена со светло обоен мермер, камени ѕидови и изрезбани тавани со мермерни дискови.
Спирова С. | Црнобело