Училишни автобуси претворени во подвижни домови во кои ќе посакате да живеете (фото)
Иако секој би сакал да има свој стан или куќа, некои луѓе бараат поевтина опција. Иако не е ништо ново старите автобуси да се користат како подвижни домови, нивните дизајни се значително подобрени за разлика од минатата деценија.
Автобусите се одличен избор за подвижен дом бидејќи се направени да издржат многу долги патувања. Нивните мотори како да траат вечно, а структурата е направена од челични рамки. Па ако сакате номадски живот, можеби треба да инвестирате во автобус.
Вил и Алиса се блогери и авантуристи кои во 2015-та година купиле автобус за околу 5.000 евра и го претвориле во мал дом. После неколку месеци работа, тие го средиле ентериерот на тој начин што нема да ви се верува дека сте во автобус.
Нешто слично направиле и Лук и Рејчел Дејвис, кои го заменил нивниот огромен дом со автобус. Бидејќи Лук имал и искуство со слични проекти, тој го направил таванот на автобусот повисок, па целиот простор воопшто не личи на возило.
Доколку и вие сте размислувале за нешто слично, следниве фотографии можеби ќе ве инспирираат да си направите ваш подвижен дом.
Спирова С. | Црнобело