Како да го изберете вистинскиот симбол за вашата тетоважа?
Пред да ја изберете идеалната тетоважа дознајте што значи симболот што ќе го носите на вашата кожа цел живот. Тетовирањето е многу повеќе од креативно украсување и сликање на човечката кожа.
Тетоважите не се само дел од модата. Тие биле дел од скоро сите познати култури. Но во секоја од овие древни култури одредени симболи имале различно значење.
Повеќето луѓе, кои решаваат да тетовираат симболи, не го знаат вистинското значење на истите.
Како да го изберете вистинскиот симбол за вашата тетоважа?
Јаболко - симболизира личност која се препушта на искушенија. Потеклото на симболот произлегува од библиската приказна за Адам и Ева.
Тетоважи како повез преку раката - симбол на ропство и затвор. Племенските тетоважи околу раката биле идентификациски ознаки кај афричките племиња, додека бодликавата жица симболизира живот поминат во затвор.
Птици - најчесто симболизираат слобода и враќање дома. Ластовица или врапче го симболизира надминувањето на пречките и наоѓање на вистинскиот пат.
Мачка - симбол на грижа и внимание. За Египќаните, мачката е симбол на смртта. Иако во многу древни култури се сметала за свето животно, се верувало дека мачката е гласник кој носи пораки од мртвите.
Змеј - Американскиот змеј е симбол на силата, а јапонскиот змеј ја симболизира мудроста и интелигенцијата. Заедно со тигарот ја симболизира мудроста и убавината.
Око - првите такви тетоважи биле тетовирани од затворениците на грбот на оние затвореници кои биле етикетирани како кодоши. Окото е, исто така, симбол на свеста.
Самовила - мистично суштество што го симболизира детството.
Риба - често ја симболизира плодноста, но во јапонската култура, Кои Риба е симбол на сила и убавина. Според легендата, секој јапонски змеј потекнува од Кои риба, која, по прескокнување на виножито, се претвора во змеј.
Ганеш - тетоважа на овој хиндуистички бог со глава на слон е симбол на заштита и правда.
Окото на египетскиот бог Ра - го симболизира создавањето на животот.
Цвет на лотос - често е погрешно разбран како симбол на убавината. Ова е прекрасен цвет кој расте во калливи води, а ја симболизира духовната чистота.
Пеперутка - симболизира духовна бесмртност.
Срце - симболизира љубов, но под услов да не е скршено или крваво.
Лав - моќ, бесмртност и храброст.
Сирена - искушение, заведување и привлекување.
Месечина - различни и разновидни ритми на животот.
Феникс - повторно раѓање, подигање од сопствената пепел.
Скарабеј (кепри) - моќ и повторно раѓање.
Череп - храброст, смрт, отров.
Змија - искушение, флексибилност и мудрост.
Пајак – креативност.
Сонце - топлина и светост на животот.
Меч - претставува правда, чест и енергија.
Еднорог - недостапност, невиност и чистота.
Тигар - моќ, сила, бес и гнев.
Желка - плодност и долг живот.
Волк - ловец, симбол на нечија дива страна.
Ашера | Црнобело / фото: depositphotos.com