За почиста планета - Адидас ги претстави патиките коишто може целосно да се рециклираат
Адидас го претстави најновиот модел на патиките наречени Futurecraft Loop. Овој модел на патики е целосно изработен од пластика којашто може да се сомеле и повторно да се употреби.
Целта на лансирање на овој нов модел е желбата на Адидас да помогне во справување со кризата со отпадот од пластика. Односно да направат затворен кружен систем од пластика каде истата ќе се рециклира и повторно ќе се употребува за производство на нова.
Моделот Futurecraft Loop е целосно направен од само еден материјал: virgin thermoplastic polyutherane (TPU).
Ова е клучот за рециклирање на патиките, бидејќи тие досега беа правени од повеќе различни материјали и не можеше да се рециклираат целосно. Мораше да се растурат на повеќе делови за да може да се рециклираат, а дополнително секој од тие 12-15 делови од различни материјали се рециклираа во различни фабрики. Новиот модел целиот овој процес го сведува на една фабрика за рециклирање на целата патика.
Во моментов Futurecraft Loop е во бета фаза на тестирање од страна на селектирана група од 200 корисници, коишто ги носат патиките и ќе ги оценуваат во следните неколку недели.
(О)Милена | Црнобело