5 тетоважи за позитивна енергија

Тетоважата не е само украс на телото, и независно од тоа во што верувате или која религија ја застапувате, одредени дизајни привлекуваат позитивна енергија.

5 tetovazi za pozitivna energija 01

Тетоважите кои носат среќа не се само симбол на суеверие, туку начин да најдете подлабоко значење во она што го тетовирате.

Всушност, се се сведува на тоа што мислите, што чувствувате и со каква енергија ја носите тетоважата, но има неколку за кои експертите велат дека носат најмногу позитивна енергија. Проверете, можеби некоја од нив ќе ви се допадне доволно за да ја носите.

Ганеш

Оваа тетоважа е моќна и значajна во смисла на привлекување позитивна енергија. Ганеш е божество со глава на слон и тело на човек и се вели дека е господар на успехот и уништувач на пречките, како материјални така и духовни.

5 tetovazi za pozitivna energija 02

Компас

Компасот е универзален симбол и е одличен избор за тетоважа бидејќи има безброј креативни и различни варијанти. Компасот е водилка и има способност да ве одведе во вистинската насока. Доколку ви треба потсетник дека сте на вистинскиот пат, оваа тетоважа е совршена за вас.

5 tetovazi za pozitivna energija 03

Бубамара

Ова е опција за оние кои сакаат нешто посуптилно и подискретно. Бубамарата исполнува желби и носи љубов.

5 tetovazi za pozitivna energija 04

Цветот на животот

Тој е симбол што може да привлече позитивна енергија бидејќи го претставува животот и се што животот ни нуди. Ова е геометриски симбол, а не вообичаен цветен дизајн, па ако ви се допаѓаат остри линии може да размислите за овој избор.

5 tetovazi za pozitivna energija 05

Црна мачка

Иако ги бие глас дека носат лоша среќа, црните мачки привлекуваат позитивна енергија како тетоважа. Тие симболизираат заштите во астралниот свет, па доколку барате нешто со духовна резонанца, можеби ова е вистинската тетоважа за вас.

5 tetovazi za pozitivna energija 06

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за заеднички тетоважи со најдобрите пријателки Пеперутките симболизираат трансформација, па ако се познавате подолго време и ст...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg