Диетална вода, градник за мажи, пиво за жени... Дали ова се најглупавите пронајдоци во светот?
За целата генијалност која постои во секојдневните пронајдоци, постојат некои производи кои можат да се пофалат со недостаток на намена.
Освен што нема да го променат светот, можеби се измислени како изговор за недостиг на креативност.
Од диетална вода, гаќи за раце и пиво за жени, до вреќа за спиење во која можете да се движите и градник за мажи, ова се некои од најглупавите пронајдоци во светот:
Диетална вода Сапоро
Постојат многу енергетски пијалаци и води со вкусови кои можете да ги купите, но ништо не се мери со Сапоро, диеталната вода.
Овој пијалак, наводно, содржи „специјализирани пептидни врски кои влегуваат во вашиот крвоток и ги топат масните клетки“. За жал, оваа вода повеќе не може да се купи, па ќе треба да ја пробате вашата нова диета со обична вода.
Гаќи за раце
Најпосле имаме гаќи за раце и ова не е шега. Ваков производ навистина постои.
Истите можат да се носат на повеќе начини, како санитарни ракавици, за пишување, за готвење и многу повеќе.
Пиво за жени
Една пиварница во Чешка ви нуди „Пиво за неа“, која доаѓа во розово шише и наликува на свадбена декорација.
Пивото се вика Ауроса, а истото е „адаптирано за елеганцијата на жените“. Се чини дека стереотипите и бесмислените разлики меѓу половите не стареат.
Вреќа за спиење во која можете да се движите
Вреќа за спиење е неопходна за кампување, секако, но кога ќе излезете од шаторот да продолжите со секојдневните активности, најверојатно нема да ја носите вреќата со вас. Или?
Ова е идејата зад Selk’bag, вреќа за спиење креирана од Родриго Алонсо од Чиле, а после оваа реклама ќе посакате да ја имате.
Градници за мажи
Кој не би посакал да носи градник? Ова веројатно го мислеле креаторите на градници за мажи, кои на својата веб страна наведуваат дека градниците се „достапни во различни бои и големини, од стреч до чипка“.
Селфи лажица
Живееме во златното доба на селфијата, а оваа џиновска лажица можете да ја прикачите на вашиот мобилен телефон, и да сликате прекрасни слики додека појадувате.
Бидејќи, кој не сака да се гледа додека јаде?
Ашера | Црнобело