Смешен изум со ИКЕА производ: Невеста смислила како да оди во тоалет на свадбата „на раат“ (фото)

Колку и да изгледа банално, одењето со раскошен волуменозен бел венчален фустан на свадбениот ден и не е така лесен потфат.

najsmeshniot-izum-so-proizvod-na-ikea-nevestite-kje-odat-vo-toalet-na-svadbata-na-raat-foto-01.jpg

Оваа торба на ИКЕА може да се користи апсолутно за сè. Со неа можете да одите на пазарување во супермаркет, во неа може да ја складирате зимската облека, да пренесувате работи додека се селите итн.

Но, најинтересно е што една невеста откри како жените на својата свадба може да ја користат торбата за да си ги скратат главоболките.

najsmeshniot-izum-so-proizvod-na-ikea-nevestite-kje-odat-vo-toalet-na-svadbata-na-raat-foto-02.jpg

Одењето во тоалет со огромна венчаница и не е така лесна задача.

Па, една невеста на ИКЕА торбата направила дупка доле и ја користела торбата за собирање на нејзината венчаница во неа за да може да седне на тоалетната шолја без да си ја извалка венчаницата.

najsmeshniot-izum-so-proizvod-na-ikea-nevestite-kje-odat-vo-toalet-na-svadbata-na-raat-foto-04.jpg

Оваа интересна идеја изгледа како одлично решение за женските маки на големиот ден.

Што мислите вие? Или на вашата свадба сепак ќе ја викате најдобрата пријателка за помош во тоалетот?

najsmeshniot-izum-so-proizvod-na-ikea-nevestite-kje-odat-vo-toalet-na-svadbata-na-raat-foto-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за заеднички тетоважи со најдобрите пријателки Пеперутките симболизираат трансформација, па ако се познавате подолго време и ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg