Како ќе изгледаат луксузните седишта на најдолгиот авионски лет во светот? (фото)
Кога ќе летате 19 часа потребно е да имате чувство на комплетна релаксација, а овие седишта се вистинскиот начин за тоа.
На 11-ти октомври авиокомпанијата Singapore Airlines ќе го ласнира најдолгиот комерцијален лет на светот. Летот помеѓу Њујорк и Сингапур ќе трае 19 часа.
Во соработка со компанијата Zodiac Aerospace изработени се седишта за авионот достојни за крал. Тие се широки, комфорни и одлично дизајнирани.
Во бизнис класата седиштата се трансформираат во кревет и целото искуство ќе ви изгледа како седење на трон, тврдат одговорните од компанијата.
Со места за одморање на рацете и многу простор околу вас, овој долг лет ќе ви претставува вистинско задоволство. Над вашите раменици ќе имате светла за читање, прилагодливо место за одмор на главата и екран пред вас.
Како ќе изгледаат луксузните седишта на најдолгиот лет во светот:
С. С. | Црнобело