Машини за перење, фотоапарати: 7 производи чии постари верзии се одамна заборавени
Денес тие имаат подобра функционалност и попривлечен дизајн и не ни можеме да замислиме како би било да ги користиме нивните постари верзии.
Технологијата напредува со навистина брзо темпо, па некои производи кои ги користиме денес, во минатото изгледале сосема поинаку.
Нивниот дизајн не бил толку атрактивен, ниту функционалноста добра како денес.
Како изгледале некои производи некогаш и сега:
Жилети
Од безбедност до дизајн, разликата е очигледна, зарем не?
Фотоапарати
Порано била вистински подвиг за да се направи една фотографија, а сега со само неколку кликови правите цела фотосесија.
Велосипеди
Во минатото никој не мислел дека ќе постојат велосипеди како денешните, со кои транспортирањето е толку брзо и лесно.
Машини за перење облека
Машините за перење не само што не изгледале естетски совршено, туку и немале можност како денешните да ги изведуваат сите функции со само едно притискање на копче, вклучително и перење и сушење.
Пегли за облека
Старите пегли биле тешки и многу бавно се загревале, додека модерните не бараат толку напор и се многу полесни за користење.
Машини за шиење
Во домот на баба ви можеби сè уште ја има старата верзија на машините за шиење која рачно треба да ја вртите. Новата верзија е многу поедноставна за работа и бара драстично помалку вложен труд.
Бокал за топлење вода
Порано за топлење вода се користеле метални садови и бил потребен шпорет, денес тоа се прави со помош на електричен бокал.
С. С. | Црнобело