Специјално дизајнирани предмети кои имаат цел да ве изнервираат (фото)
„Непријатно“ (Uncomfortable) е насловот на колекцијата дизајнирани предмети кои имаат само една цел – да направат да се чувствувате токму така и намерно да ве изнервираат.
Проектот започнал откако архитектката Катерина Кампрани не успеала да ги заврши студиите по индустриски дизајн во2011 година и ѝ се сменила перцепцијата за нештата.
Целта е да се смени изгледот на предметите кои ги употребуваме секојдневно и истите да ве изненадат и насмеат, но и да ве замислат малку.
Но, поентата е уште подлабока – ве тера да размислите колку не ги цениме предметите околу нас и ги земаме здраво за готово.
Што доколку би изгледале вака? Чаша вино од која е практично невозможно да се напиете, кантичка со која не може да се полеваат цвеќиња, тенџере со рачки на едната страна една до друга?
Зарем животот нема да е многу посложен и уште постресен?
Обидете се да не се изнервирате премногу од дизајните на Катарина од Атина:
(О)Милена | Црнобело