Неверојатни изуми кои го прават светот подобро место за живот
Зошто да се мачите со селфи стапче, кога можете на патувањата да си однесете селфри дрон, кој ќе ве следи на секој чекор и ќе слика?
Светот се менува со брзина на светлината, а технологијата постојано напредува и ни го олеснува животот со нови изуми.
Додека некој седи по цели денови на социјални мрежи, има луѓе кои смислуваат неверојатни дизајни и изуми за кои никогаш не би ни помислиле.
Тие го прават животот многу полесен и поубав, а секој би посакал да поседува барем дел од овие работи:
1. Дрон кој го следи сопственикот и прави 20 фотки во секунда без воопшто да се помачите.
2. Продавница која работи 24 часа, на тркала, без возачи, продавачи и касиери, но уште се тестира.
Со помош на посебна програма, ќе се селектираат улици каде во моментот има најмногу луѓе, а за да влезете во продавницата ќе мора да скенирата QR код на вратата.
За купување, со смартфон ќе се скенираат бар кодовите и парите автоматски ќе се повлекуваат од вашата сметка.
3. Чаша која ја одржува идеална температурата на пијалакот на неодредено време.
4. Хотел во Јапонија им нуди на гостите влечки кои сами се враќаат на место после носење, благодарение на сензори и вградени тркалца.
5. Во Кина, полицајците користат паметни очила со систем за препознавање на лице. Во нив е вградена видео камера и се поврзани со база каде се чуваат податоци за криминалци.
Доколку во некој се посомневаат, доволно е да го гледаат од далечина до 5 метри, а ако скенерот покаже совпаѓање, дава известување за криминалецот – име и адреса.
6. Постои уред кој се прикачува на вертикални површини и ги блокира сите несакани звуци, што ви овозможува да избегате од бучавата и да уживате во тишината.
Исто така, може и да пушта специјални звуци кои помагаат полесно да заспиете.
7. Измислен е егзоскелет за сите работници кои мора да работат со кренати раце нагоре, со цел да не го мачат телото кревајќи тежина, како и за да го потпираат грбот и рацете, што му помага на телото да не се соочи со повреди.
8. Штипка што се закачува на опашот на кучето со закачена хигиенска вреќичка, за да не прави неред и да не мора да го собирате изметот по него.
М. М. | Црнобело