6 изуми кои ќе ни ја олеснат иднината
Одењето на стоматолог повеќе нема да ви биде еднакво на хорор филм, плус, можеби ќе успеете да го стигнете другарот на маратонот.
Изумите кои ќе доминираат во иднината можеби сега ви изгледаат како сцена од научно фантастичен филм, но тие ќе дојдат во нашите животи многу побрзо од што мислиме.
Ќе не направат посилни и ќе ни го поедностават животот.
6 изуми што доаѓаат навистина наскоро:
Сензори на сите страни
Во иднина ќе има сензори и апликации кои постојано ќе ја мерат количината на хранливи состојки во храната што ја консумираме, ќе го следат нивото на кислород во нашата крв, па работата на нашето срце и низа други процеси.
Со тоа дијагностицирањето на болестите ќе биде значително олеснето.
Роботи за друштво
Веќе има напредни роботи, но во иднината роботите ќе може да ни бидат пријатели.
Тие ќе бидат на едно ново напредно ниво каде ќе танцуваат, ќе се смеат, ќе зборуваат со нас и ќе станат дел од нашето секојдневие.
Поправка на забите без бушење
Сонот на сите деца за поправка на забите без користење на „страшните“ алатки за бушење ќе биде остварен.
Специјалниот гел Brix 3000 ќе се нанесува на забот и ќе ја омекне областа со кариес, а ќе го заштити здравиот дел, па така кариесот ќе може лесно да се отстрани. Процедурата ќе биде комплетно безбедна.
https://www.youtube.com/watch?v=YKP66cd6Ow4&index=1&list=PLxwBOb5TuB7-T3CiM7FI9Xlg6i4jm9UaC
Патики што ќе ви помогнат да се движите побрзо
Новите Futurecraft 4D ќе се прават индивидуално за секој по големина, форма, флексибилност и низа други карактеристики.
Ќе се принтаат специјално за вас со помош на 3Д технологија веднаш штом појдете во продавницата.
Гуми за автомобил кои се адаптираат
Гумите ќе бидат изработени со помош на 3Д печатач од специјални материјали и ќе се прилагодуваат на патот во зависност од временските услови и состојбата на патот.
Роботи хирурзи
Дури и сега некаде во светот робот хирург изведува операција. Модерните медицински училишта ширум светот ги учат идните хирурзи не само како да држат скалпел, туку и како да управуваат роботи за време на операција.
Од една страна хирургијата ќе стане покомплексна, но од друга страна ќе може да се изведуваат операции на големина далечина само преку интернет врска на хирургот со локалната опрема – робот.
С. С. | Црнобело