Одлични изуми за сите кои се зимурливи и вечно смрзнати (фото)
Сите имаме барем едно другарче на кое секогаш му е ладно, без оглед на температурата и годишната сезона. Или можеби вие се пронајдовте во описот? Ладни стапала, слаба циркулација, смрзнати прсти и вечно настината половина, ви звучи познато?
Некои иноватори се посветиле целосно на зимурливите луѓе со цел да им го направат животот поубав и потопол.
Па така имаме вреќи за топлење, шолји кои ги загреваат рацете, па дури и топли перничиња за под задникот.
А, изумите за топлење на рацете додека куцаме на тастатура или работиме со глувчето ни се едни од омилените.
Колку од следниве пронајдоци би сакале да ги имате за претстојната зимска сезона?
(О)Милена | Црнобело