Пловечки дом отпорен на ветрови, урагани и поплави
Надворешните влијанија не му можат ништо на овој современ пловечки дом.
Холандската архитектка Коен Олтиус смисли пловечки домови, кои функционираат на соларна енергија и не ја загадуваат околината.
Тие се соодветни за авангарден начин на живот на вода. Имаат систем за преработување на ѓубрето, собираат дождовна вода и имаат систем за прочистување на водата.
Дождовната вода се собира од покривот, се чува во трупот и се прочистува за да се обезбеди целосно автономно снабдување со вода. Системот на лизгање додава многу отворен простор.
Домовите имаат квалитетна изолација и се исклучително безбедни. Благодарение на вклучувањето на одредени системи можат да издржат силни ветрови, поплави и урагани.
Хидрауличните „нозе“, долги 40 метри, можат да ги стабилизираат пловечките домови или дури и да ги издигнат од водата.
Еве како изгледа овој интересен проект:
С. С. | Црнобело