Пешачки премин на кој кочат дури и „најбрзите“
Во еден мал град во Исланд, Ísafjörður, развојот на безбедноста на патиштата зема голем замав.
Најновото нешто е нацртаниот пешачки премин кој создава оптичка илузија, бидејќи изгледа како да е 3D.
Овој иновативен дизајн, освен што им создава чувство на пешаците како да лебдат, најважно од сѐ, им го привлекува вниманието и на возачите кои задолжително ја намалуваат брзината кога ќе го здогледаат.
Идејата за овој дизајн е добиена од нешто слично забележано во Њу Делхи, Индија, а со помош на компанија за цртање улици, визијата на Исланд станала реалност.
Погледнете ги фотографиите од оваа фасцинантна безбедносна мерка која треба да постои секаде:
М. М. | Црнобело