10 дизајни само за оние со вишок пари
Многу често се вели дека е подобро да се купи нешто поскапо што ќе трае, отколку евтино што не е квалитетно, па ќе мора неколкупати да го обновувате.
Но, дали тоа има смисла и за вртоглаво огромни суми, посебно кога функционалноста на овие скапи работи, не се разликува воопшто од онаа на поевтините?
Секако дека не. Но, во светот постојат толку многу скапи работи, кои се наменети само за оние кои сакаат да живеат луксузен живот од секој аспект.
Сепак, цената на одредени предмети може да ги изненади дури и оние кои „фрлаат“ пари на сѐ.
Погледнете кои се тие:
Јајцевидно детско креветче - 17 милиони евра
Цената на ова креветче од шпански дизајнер е толку голема бидејќи е целосно направено од 24-каратно злато, а има и поедноставен модел од 18-каратно злато, за „само“ 220.000 долари.
Часовник од нерѓосувачки челик - 9 милиони евра
Овој часовник е еден од 4-те останати од серијата од 1943-та година, па тоа е и причината за големата цена.
Телефон со рубини - 305.000 евра
Декориран е со неколку дијаманти и кобра направена од рубини и смарагд. Телефонот на купувачите не им се доставува преку пошта, туку исклучиво со специјален хеликоптер.
Златно домино - 129.900 евра
За оние кои сакаат да играат домино, но со стил, овој луксузен златен сет комбиниран со дијаманти е одличен избор. Мислите дека некој би го купил?
Скапоцено шише за бебиња - 116.000 евра
Уште едно нешто што го користиме во секојдневието за многу помалку пари, сега со поразличен дизајн и огромна цена. Ова шишенце за бебиња е направено од бело и розово злато.