12 најчудни згради во Кина кои се вистинско архитектонско чудо на иднината
Има многу работи коишто ја прават Кина уникатна земја, но сепак малкумина сметаат дека токму архитектурата е една од нив.
До пред 20 години најголем дел од кинеската архитектура се состоеше од бетонски коцки лишени од секаква креативност или трага на архитектонски дизајн.
Сепак, времињата се сменија и сега не само што Кина стана многу покреативна во архитектурата, туку стана и убедливо најчудна во светот.
Погледнете ги 12-те најчудни згради коишто може да се најдат во рамките на кинеските граници:
Стар Трек Ентерпрајз зградата
Изградена е од љубител на серијалот Стар Трек и е дом на софтверска компанија. Внатрешноста на зградата има 10-метарски тобогани коишто брзо ве носат до приземјето, автоматски лизгачки врати помеѓу собите и огромна реплика на Т-Рекс диносаурус.
Куќата пијано
Оваа куќа е сон на секој љубител на музиката. Изградена е од студенти по архитектура во 2007 година и во моментов се користи како место за изложување на делата на градските урбанисти.
Седиштето на националната телевизија
Зградата на седиштето на националната телевизија е уникатно дело на 54 ката со необичен геометриски дизајн којшто се противи на земјината тежа.
Зградата Лотус
Оваа зграда изгледа како да никнува директно од водата и е дело на австралиското Студио 505. Таа е дом на градското биро за урбанизам и архитектура, а влезот во зградата е под езерото во коешто таа се наоѓа.
Прстен на животот
Необичната структура во форма на исправен прстен со висина од 150 метри, на врвот има палуба за набљудување до која се пристигнува со лифт, а навечер целата зграда е осветлена со 12.000 лед светилки.
Тианжи хотелот
Хотелот, исто така познат и како „Син на рајот“ е прогласен за најголема зграда со слика на неа од страна на Гинисовата Книга на Рекорди во 2011 година. Трите фигури на фасадата се боговите Лу, Фу и Шу. Фигурата од лево (Шу) држи праска во раката којашто всушност е апартман.
Глобалниот центар Нов Век
Оваа зграда е прогласена за најголема зграда по волумен во светот. Всушност таа е толку голема што во неа може да собере 20 згради колку Сиднејската Опера. Покрај останатите работи, внатрешноста на центарот содржи универзитетски комплекс, шопинг центар, комплекс кина и средоземноморско селце.
Зохо ридовите
Овие кули се дело на дизајнерката Заха Хадид и се деловни згради коишто изгледаат како 3 планини коишто се наоѓаат помеѓу аеродромот и Пекинг.
Гуотаи центарот за уметности
Зградата на центарот е спој на традиционалниот и модерниот стил и е дизајнирана да потсетува на стапчиња за јадење и сад за готвење. Се користи за рекреација на локалните жители, перформанси, настапи и останати уметнички настани.
Хенан центарот за уметност
Овие згради можеби изгледаат како футуристички златни јајца, но всушност се инспирирани од кинеските народни инструменти.
Вулиангје Јибин зградата
Формата на зградата е всушност изгледот на најпродаваниот производ на фирмата којашто се наоѓа во неа, а тоа е фабриката за алкохолни производи.
Шератон хотелот
Овој хотел е дело на Ма Јансонг и МАД архитекти и е во форма на потковица којашто излегува од водата. Хотелот има 27 ката, изграден е од стакло и челик и има неверојатен поглед како и импресивно светлосно шоу секоја вечер.
(О)Милена | Црнобело