Пасија на 12-годишно момче: Мал е за да стави тетоважа, но тоа не го спречува да тетовира други луѓе
Езра Дормон е 12-годишно момче кое не е доволно големо за да си стави тетоважа, но тоа не претставува пречка да тетовира други луѓе.
Младиот уметник бил инспириран да почне да тетовира откако ја гледал неговата мајка додека ѝ ставале тетоважа.
Сопственикот на студиото го забележал интересот на момчето и му дозволил да пополни дел од тетоважата (секако, со дозвола на мајка му), па оттогаш тоа е негова пасија.
Досега тој тетовирал околу 20 луѓе, плус многуте портокали и цитрони на кои се вежба, но секако тие не се бројат.
Уметникот од студиото го научил како да црта многу различни форми, како и ајкули, што е всушност неговиот симбол.
Голем дел од неговите дела можете да ги најдете на неговиот Инстаграм профил.
Езра дури го има тетовирано и својот наставник по математика. Колку е тоа забавно?
Иако момчето има неверојатен талент уште од мали нозе, сепак не секој се согласува и ја поддржува неговата одлука.
Што мислите вие?
М. М. | Црнобело