Уметник ги претвора личните фотографии на луѓето во долготрајни тетоважи
Аликан Горгу имал 2 опции во животот – или да си најде канцелариска работа или да ги следи своите соништа и да станете уметник на тетоважи.
Секако, тој се одлучил за второто и воопшто не погрешил.
Сега тој споделува фотки од неговите дела на неговиот Инстаграм, а повеќе од 19.000 следбеници му се восхитуваат на тетоважите кои тој ги изработува.
На едноставен начин, тој ги трансформира фотографиите во минималистичка уметност, овозможувајќи најубавите спомени на луѓето да бидат врежани на нивното тело со тетоважа.
Тој исто така, често е инспириран и од филмовите.
„Чувството не се опишува. Еднаш имам истетовирано портрет фотографиран во Мексико во ’60-ите и семејство во САД ВО ’80-ите.“
Тој додава дека работи на мали простори и дека избегнува детали, за да бидат во фокус само главните карактеристики.
На пример, во овој портрет, тој не ги пресликал лицата на децата, но основата на фотографијата останува засекогаш врежана:
Погледнете ги делата на овој уникатен и неверојатно талентиран уметник:
М. М. | Црнобело