Материјали кои никогаш не би помислиле дека можат да се користат за градење

Големата архитектура не се врзува за определена формула. Некои од најголемите светски градби се направени од остри агли, додека други следат меки криви.

materijali-koi-nikogash-ne-bi-pomislile-deka-mozat-da-se-koristat-za-gradenje-01.jpg

Многу архитекти сакаат да вклучат сложени резби, додека други преферираат едноставен минимализам. Не постои правилен или погрешен начин за да се креира нешто брилијантно, а тоа се однесува и за материјалите за градба.

Постојат неколку одлични објекти во светот кои се изградени од материјали за кои многу луѓе никогаш не би помислиле дека можат да се искористат при конструкција. На многу начини, оваа инвентивност е тоа што ги прави да бидат визуелно интересни.

„Container City“ - Лондон

koi-se-najnevoobichaenite-gradezni-materijali-vo-svetot3.jpg

„Container City“ во Лондон е речиси целосно изграден од 12 метарски контејнери за транспорт. Изведбата на овој проект е на компанија под име „Urban Space Management“, која има завршено 15 слични вакви проекти откако е завршена првата фаза во градбата на „Container City“ во 2001 година.

Очигледната предност на користење на контејнери за транспорт и тоа што тие се веќе претходно изградени структури. Како такви, потребно е малку време за нивна имплементација и вградување. „Container City’ денес се изнајмува како резиденцијален и канцелариски простор.

koi-se-najnevoobichaenite-gradezni-materijali-vo-svetot-4.jpg

koi-se-najnevoobichaenite-gradezni-materijali-vo-svetot-5.jpg

koi-se-najnevoobichaenite-gradezni-materijali-vo-svetot-6.jpg

„Potato Head Beach Club“- Бали

koi-se-najnevoobichaenite-gradezni-materijali-vo-svetot-7.jpg

Лоциран во Бали, „Potato Head Beach Club“ е место за забава во кое се сместени повеќе ресторани и барови наменети главно за туристи.

Самата зграда спекатлурано се вклопува во околината и покрај невообичаената архитектура.

Еден од фасадните ѕидови е целосно составен од ролетни за прозорци.

koi-se-najnevoobichaenite-gradezni-materijali-vo-svetot-8.jpg

 Дизајнирана од Индонезискиот архитект Антра Матин, фасадата на зградата е направена од различни ролетни од 18-от век, при што едвај да има две идентични ролетни.

Ролетните се собирани од цела Индонезија за да се создаде уникатен изглед кој успева да биде невообичаен.

„Million Bottle Temple“ - Тајланд

koi-se-najnevoobichaenite-gradezni-materijali-vo-svetot-9.jpg

Овој храм во Тајланд, изгледа неверојатно и од далечина, но кога ќе се доближете до него станува фасцинантен.

Ако забележите дека трепери на сончева светлина, тоа е затоа што е направен од над милион пивски шишиња.

Очекувано, затоа го добива името „храм од милион шишиња“.

koi-se-najnevoobichaenite-gradezni-materijali-vo-svetot-10.jpg

Изградбата на храмот започнала во 1984 година, почнувајќи со основа од цемент, бидејќи самото стакло нема да биде доволно силно за да ја издржи тежината на градбата.

Идејата на храмот е да се покаже каква убавина може да се создаде од ѓубре кое секојдневно се фрла, а исто така служи како порака за тоа колку луѓето консумираат пијалоци.

„EcoARK“  - Тајван

koi-se-najnevoobichaenite-gradezni-materijali-vo-svetot-11.jpg

Кога станува збор за згради изградени од шишиња, „EcoARK“ е импресивен триспратен амфитеатар во Тајван кој е направен од повеќе од 1.5 милиони рециклирани пластични шишиња.

Оваа градба е дизајнирана со цел да се подигне свеста за тоа колку е важно рециклирањето.

koi-se-najnevoobichaenite-gradezni-materijali-vo-svetot-12.jpg

Даглас Хсу, претседателот на Групацијата „Далечен Исток“, фирмата изведувач на градбата, изјави: „EcoARK“ е најлесно подвижното чудо на животната средина, во светот“.

Пластичните шишиња се искористени за креирање на тули, а меѓусебно се спојуваат со тенок слој на силикон.

На овој начин, креирана е градба која е многу отпорна на земјотреси и тајфуни.

koi-se-najnevoobichaenite-gradezni-materijali-vo-svetot-13.jpg

„The Beer Can House“ - Хјустон

koi-se-najnevoobichaenite-gradezni-materijali-vo-svetot-14.jpg

Самото име на оваа куќа го кажува составот од што е изградена.

Џон Милкович започна со градба на овој дом во 1942 година, на класичен начин.

Сепак, од 1960 година, тој во неа додал завеси, огради и склупури изградени од алуминиумски лименки пиво.

koi-se-najnevoobichaenite-gradezni-materijali-vo-svetot-15.jpg

Џон Милкович го продолжил градењето на куќата со лименки пиво како хоби, а не како некој уметнички проект.

Сепак, куќата стана богата локална знаменитост на градот Хјустон во Тескас.

Се проценува дека со текот на годините, во овој уникатен дом се вградени повеќе од 50.000 лименки од пиво.

koi-se-najnevoobichaenite-gradezni-materijali-vo-svetot-16.jpg

„Paper House“ - Рокпорт

koi-se-najnevoobichaenite-gradezni-materijali-vo-svetot-17.jpg

Оваа куќа е дело на Елис Стенман во Рокпорт, Масачусетс, САД. Машински инженер, Стенман во 1922 година одлучил да изгради куќа од весник, бидејќи мислел дека  весникот ќе биде добар изолатор.

На крајот, не само куќата, туку и поголемиот дел од мебелот е изграден од необичен материјал.

koi-se-najnevoobichaenite-gradezni-materijali-vo-svetot-18.jpg

Рамката на куќата е изработена од дрво, а исто така и покривот и подот, но ѕидовите се направени од набиен весник, распределени во слоеви кои меѓусебно се споени со лепак.

Тие се водоотпорни благодарение на надворешниот слој на лак. Објектот е завршен во 1924 година. Овој дом постои и ден денес.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред vs. потоа: 11 кул трансформации на стари работи во домот Браво за овие луѓе! Кога клупата од баба ви или столчето од дедо ви ќе добијат н...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...
8 работи кои ќе ви го олеснат секојдневието во домаќинството (а не знаете дека постојат) Силиконски ракавици за миење храна или садови, силиконски модли за замрзнување с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg