Екстремно скапи работи само за оние со вишок пари
Маркетингот денес може да направи чудо. Дури и да не ви треба некој производ, ако прави да чувствувате дека добивате екстремен квалитет и луксуз, дефинитивно го купувате.
На пример, неколку компании решиле да направат екстремно скапи верзии од сосема обичните работи, и така да се збогатат од највисокиот слој.
Зошто да седите на обична тоалетна школка, кога може да е обложена со благородни материјали и скапоцени камчиња?
Непотребно скапи работи кои ќе ги купат само оние со вишок пари:
Златна паста за заби – 99 долари
Тоалетна школка од карбонски влакна – 299 долари
Слушалки обложени со 24-каратно злато и дијаманти – 638 долари
Волнени чорапи, во лимитирана едиција од само 10 пара – 1.118 долари
Ламба облаче – 3.360 долари
Кујнски нож од благородни материјали – 5.415 долари
Молив со декорации од бело злато и дијаманти – 13.400 долари
Монопол од кожа, злато и сребро – 14.161 долар
iPhone 7 од 24-каратно злато – 25.850 долари
Брич од метал изваден од остатоци од метеорити – 100.000 долари
Тоалетна хартија од чисто, 24-каратно злато – 1.5 милион долари
М. Д. | Црнобело