Ултимативен водич за одлични фотографии на вашето следно патување
Дали сте се нашле во ситуација кога сте направиле мноштво фотографии на вашето последно патување, но некако ниту една која сакате да ја покажете не ве воодушевува ниту пак покажува колку сте уживале?
На таа приказна дојде крајот, а ние ви даваме неколку совети заради кои вашиот Инстаграм профил ќе биде совршен, без нов фотоапарат и сите пријатели ќе бидат воодушевени.
За почеток, опремете се со насмевка и позитивен став и бидете подготвени да ги откривате најсокриените прекрасни кафулиња и улички и бидете подготвени да ја совладате техниката за правење совршени фотографии:
1. Бидете „луди“
Со топлината на вашата насмевка и забавните пози можете да ја пренесете вашата позитивна енергија и сите емоции кои сте ги доживеале на некоја авантура. Важно е само да бидете опуштени.
2. Природата нека биде ѕвезда на вашите фотографии
Воодушевете ги вашите пријатели со прекрасни пејзажи, флора и фауна од дестинацијата во која се наоѓате. На тој начин ќе успеете без 1.000 зборови да го објасните вашиот престој на одредено место.
3. Откријте некои скриени патишта
Токму оние „приватни“ мали улички, селца и краишта кои потешко можат да се најдат на мапите ќе ви овозможат да направите совршени фотографии.
4. Запознајте се со архитектурата на градот
На своите пријатели покажете ги старите згради, скриени во облаците, невообичаените градини, балкони и куќи кои даваат слика за тоа како изгледа градот.
5. Препорачајте им го местото
Местото каде не сте само турист, каде сте го пробале најдоброто кафе, највкусниот кроасант, каде сте слушнале најдобра свирка или каде сте ја виделе најубавата тераса... Токму тие места вреди да ги покажете на вашите фотографии и пријатели.
Н. Г. | Црнобело