Кренете го погледот нагоре: Беспрекорни дизајни на тавани

Кога сме внатре во некој објект (зграда, стан, просторија, куќа), се случува воопшто да не погледнеме нагоре и да не забележиме многу важен дел од просторијата - таванот.

besprekorni-dizajni-za-tavan-na-koi-nema-da-mozete-da-odoleete-001.jpg

Во продолжение погледнете некои од најдобрите дизајни, на кои може да се види дека и таванот знае да обезбеди некои од највпечатливите допири со изгледот на објектот.

1. PRS office, Тел Авив, Израел

Дизајнот е правен врз основа на инспирација од производот кој сопственикот на објектот го произведува - „геомрежа“. Тоа е решеткаст материјал кој се користи за зајакнување на ѕидовите, патишта и други објекти.

„Геомрежа“ се користи на таванот на канцеларијата, како спој со небото и океанот, кои се гледаат од прозорецот.

besprekorni-dizajni-za-tavan-na-koi-nema-da-mozete-da-odoleete-3.jpg

besprekorni-dizajni-za-tavan-na-koi-nema-da-mozete-da-odoleete-4.jpg

besprekorni-dizajni-za-tavan-na-koi-nema-da-mozete-da-odoleete-5.jpg

2. Camper store, Мелбурн, Австралија

На таванот се прикачени 30.000 врвци од патики. Инспирацијата е добиена од производите кои се нудат во оваа продавница - патики и чевли.

besprekorni-dizajni-za-tavan-na-koi-nema-da-mozete-da-odoleete-6.jpg

besprekorni-dizajni-za-tavan-na-koi-nema-da-mozete-da-odoleete-7.jpg

3. Museum of the Jōmon Period, Фукушима, Јапонија

Дрвениот плафон во овој музеј е дизајниран да потсетува на првите живеалишта на луѓето - периодот кога живееле во пештери.

besprekorni-dizajni-za-tavan-na-koi-nema-da-mozete-da-odoleete-8.jpg

besprekorni-dizajni-za-tavan-na-koi-nema-da-mozete-da-odoleete-9.jpg

4. Сингапур универзитет за технологија и дизајн

Целиот плафон е обложен со LED сијалици, кои преку различните комбинации на вклучување и исклучување, даваат посебен дизајнерски шмек на универзитетскиот објект.

besprekorni-dizajni-za-tavan-na-koi-nema-da-mozete-da-odoleete-10.jpg

besprekorni-dizajni-za-tavan-na-koi-nema-da-mozete-da-odoleete-11.jpg

5. Les Dada East salon, Париз, Франција

Сопственикот на овој козметички салон поттикнува употреба на природни состојки во козметиката која ја користи кај своите клиенти. Од таа причина, овие хексагонални дрвени плочки поставени на плафонот, адекватни на ќелиите кај пчелите, ја симболизираат поврзаноста на објектот со природата.

besprekorni-dizajni-za-tavan-na-koi-nema-da-mozete-da-odoleete-12.jpg

besprekorni-dizajni-za-tavan-na-koi-nema-da-mozete-da-odoleete-13.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg