Направи сама: Бохо плик чанта
Бохо чантите се исклучително популарни кај девојките, бидејќи ја имаат моќта на едноставниот лежерен стил да му дадат дополнителна доза на уникатност и колоритност.
Надополнети со реси, етно детали и многу бои, овие модни додатоци лесно ќе ги пронајдете дури и во познатите трговски дуќани.
Но, овие интересни чанти кои можете да ги комбинирате со краток бел фустан со отворени рамена или со обична тексас комбинација, можете да ги направите и дома.
Сè што ви е потребно е следново:
- Сламена торбичка
- Лепило за ткаенини
- Ножици
- Шарени ленти и пом-пом декорации
Самите одредете го дизајнот и редоследот на траките.
Почнете од едниот крај на чантата. Првата трака залепете ја покрај самиот раб, сè до преклопот.
Нанесете лепило по должината на предната страна и залепете ја лентата. Потоа завртете ја торбата од другата страна и повторете ја постапката.
Откако лепилото ќе се исуши, отстранете го вишокот лента.
Кога ќе ги ставате ресите и пом-пом топчињата, имајте на ум дека ќе биде потребно подолго време за да се исушат.
На делот од торбата каде се наоѓа затворачот, прекинете ја траката, а потоа повторно продолжете од другата страна на затворачот.
Повторувајте ја постапката додека не дојдете до работ на торбата.
По желба може да го украсите и самиот раб на торбата.
М. С. | Црнобело