Ушите се новиот омилен дел од телото за тетоважи (фото)
За многумина тетоважата претставува привлечна, но сепак идеја за која недостасува малку храброст. Новиот тренд кога станува збор за уметноста исцртана на телото е минималистички и прилично суптилен.
Најдобро од сè е што може да ја покриете тетоважата кога и да сакате со вашата коса. Ушите се новиот омилен дел од телото каде што може да ја ставите вашата прва или нова тетоважа.
Овој тип на тетоважи уште познати под називот helix во превод означуваат цртежи кои ја следат завојната линија или ‘рскавицата на увото.
Всушност, тие се парче уметност која на некој начин потсетува на накит кој го обвива вашето уво.
Идеите за ушните тетоважи се многубројни – од цветни дезени, натписи и лични имиња до минималистички геометриски или форми од природата.
Во секој случај признаваме дека изгледаат ненападно, природно и одлично.
Сите би сакале по една ваква тетоважа на увото, нели?
(O)Милена | Црнобело